Реал Мадрид во четвртокот објави дека го продолжил договорот со Федерико Валверде. Валверде со својот нов потпис се обврза на верност кон „кралевите“ до 30. јуни 2029 година.
Валверде пристигна во клубот во јули 2016 година кога имаше само 18 години. Во шесте сезони поминати во Реал одигра 220 натпревари и постигна 19 голови.
Валверде освои девет титули со мадридскиот клуб – Лигата на шампионите, две Светски клупски првенства, УЕФА Суперкупот, две титули во шпанската Ла лига, една титула во Купот на кралот и два шпански Суперкупа.
Претходни потпис на нов договор ставија и: Винициус, Родриго и Камавинга.
🦅💪 #Valverde2029 💪🦅 pic.twitter.com/f8Nxbmb7ni
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) November 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА