Реал Мадрид го сака Јирген Клоп за наследник на Карло Анчелоти

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид го сака актуелниот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп да го наследи Карло Анчелоти на клупата, пренесуваат медиумите во Англија.

Клоп би требало да седне на клупата на „кралевите“ откако Карло Анчелоти ќе му каже збогум на фудбалот. Иако претходно се шпекулираше со имињата на Зинедин Зидан и Раул Гонзалез, сепак прва опција за најтрофејниот клуб во Европа е германскиот стратег.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до крајот на идната сезона 2023/24, но нејасно е дали би имало продолжување или легендарниот Италијанец ќе се реши да замине во пензија.

Се вчитува...