Реал Мадрид има мегаплан да го купи Халанд ова, а Мбапе следното лето

Халанд ова, а Мбапе следното лето во тимот на Реал Мадрид. Ова е амбициозниот план на „кралискиот“ клуб за следните две години со кои ќе се обиде да направи супер напад. Приоритет веќе за ова лето е Ерлинг Халанд за кого Борусија Дортмунд има откупна клузула која се однесува на неколку клубови меѓу кои и Реал Мадрид, а изнесува 75 милиони евра.

Халанд е прв на списокот поради тоа што проценките се дека најбезболно Килијан Мбапе би можел да се купи следното лето кога ќе има само уште една година од договорот со Пари Сен Жеремен. Сето ова во претпоставка дека тој нема да потпадне по силните притисоци на сопствениците на ПСЖ и да потпише богато продолжување на договорот, што засега успешно го избегнува.

Во последното интервју, Мбапе објасни дека до официјалниот крај од сезоната нема да носи одлуки за иднината, но затоа пак уште еднаш изрази воодушевување од работата на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Се вчитува...