Реал Мадрид имаше подготвен договор за Меси, но…

Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио објави дека капитенот на Барселона, Лионел Меси пред шест години бил на листата на желби на најголемиот ривал, Реал Мадрид. Кралскиот клуб во 2013 година сакал да го доведе Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“, но тој без никакви размислувања ја одбил понудата.

„Кралевите“ на Меси му нуделе осумгодишен договор и плата од 23 милиони евра со кои во тој момент би бил најскапиот фудбалер во светот. Претседателот на Реал Мадрид му ветил на Меси дека во Мадрид ќе дојде со приватен авион како би можеле преговорите да ги направат во тајност, но добил негативен одговор од Меси.

Аргентинецот летово сакаше да ја напушти Барселона поради несогласувањата кои ги имаше со раководството на клубот, предводена од претседателот Бартомеу, но Барса не сакаше да попушти и за својот најдобар фудбалер бараше 700 милиони евра, сума која ниту еден тим во светот не можеше да си ја дозволи.

Се вчитува...