Реал Мадрид ја доби Валенсија, но го загуби Бензема (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид им се вратија на победите во домашниот шампионат откако славеа со 2-0 на домашен терен против Валенсија во натпревар од 17. коло во Ла лига.

Откако првото полувреме заврши без голови 0-0, домаќините до водство од 1-0 стигнаа во 52. минута со голот на Асенсио. Само три минути подоцна беше 2-0 со погодокот на Винициус Жуниор на асистенција на Карим Бензема. До крајот за издвојување е директниот црвен картон на Габриел Паулиста во 72. минута.

Лоша вест за Карло Анчелоти е тоа што најдобриот фудбалер на „кралевите“ Карим Бензема поради повреда мораше да го напушти натпреварот во 60. минута.

 

Real Madrid [1] – 0 Valencia – Marco Asensio 52′ great goal from soccer

 

Real Madrid [2] – 0 Valencia – Vini Jr 55’ from soccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...