Реал Мадрид ја совлада Селта, шансите за титула и натаму постојат (ВИДЕО)

Реал Мадрид влегува во форма во финишот од сезоната. Откако успеа да обезбеди пласман во 1/2 финалето во Лигата на шампионите со двете победи над Челси, вечерва „кралевите“ ја совладаа Селта на „Бернабе“ и му се доближија на првопласираниот тим на Барселона на осум бодови.

Стрелци на головите за победата од 2-0 беа Асенсио во 42. минута, и Милитао во 48. минута од средбата.

Со голед дека Барселона утре има тежок меч против Атлетико, можеби и оваа победа на Реал Мадрид ќе придонесе во финишот од сезоната во Шпанија да има шанси за одбрана на шампионската титула.

Се вчитува...