Реал Мадрид ја завршува најважната работа за следната сезона

Реал Мадрид е блиску до завршување на најважната задача за престојното лето со продолжување на договорот на Еди Таварес, пренесуваат шпанските медиуми.

Според инсјадерите за славниот шпански клуб и покрај интересот на останатите европски тимови, како и на овие од НБА лигата, 221 сантиметри високиот центар и во следните три години ќе го носи „кралскиот дрес“.

Репрезентативецот на Зеленортските острови е еден од најважните кошаркари во редовите на европскиот шампион. Оваа сезона бележи просек од 9.6 поени, 6.6 скокови, 1.5 асистенција и 1.5 блок по настпревар.

Се вчитува...