Реал Мадрид лесно преку Елче за -8 зад Барса (ВИДЕО)

Реал Мадрид намали од разликата на Барселона совладувајќи го вечерва на „Бернабе“ составот на Елче лесно и убедливо.

Победникот беше решен уште по првиот дел кога „кралевите“ поведоа со 3-0, од кои Елче не можеше да се врати.

Асенсио во 8. минута на асистенција на Карвахал донесе предност за Реал Мадрид. Во 31. минута Бензема го искористи првиот пенал, а во судиското надополнување Французинот стрелаше и по вториот досуден пенал за убедливо водство по првиот дел.

Во второто полувреме нововлезениот Модриќ во 80. минута донесе 4-0 за актуелниот шампион што беше конечен резултат.

Пред натпреварот пред навивачите беше покажан пехарот од светското клупско првенство кое „кралевите“ го освоија пред неколку дена.

Се вчитува...