Реал Мадрид и без услугите на Џуд Белингем, покажа дека има квалитет за да победува на натпреварите од шпанската Ла Лига. Во негово отсуство, главното дуо Винисиус – Родриго ја презеде одговорноста за убедлив триумф над Валенсија на „Сантијаго Бернабе“ од 5-1.
Уште во 3. минута резултатот го отвори Карвахал. Бекот се најде на вистинско место во вистинско време да го совлада Мамардашвили. Валенсија имаше две зицер шанси, но одбрани Лунин, а потоа стигна казната во 42. минута. Родриго додава до Винисиус, кој со гради ја упати топката во мрежата.
Во вториот дел иста ситуација во 49. минута од средбата. Родриго одново асистира, а Винисиус одново погодува. Самиот Родриго само минута подоцна се запиша во листата на стрелците.
Реал Мадрид, до „петарда“ дојде во 84. минута преку Родриго, кој покрај двете асистенции запиша и два гола и апсолутно е играч на натпреварот.
Во финишот Валенсија преку Уго Дуро само успеа да го ублажи поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА