Кошаркарите на Уникаха приредија изненадување во финалето на Копа дел реј, откако во големото финале славеа над Реал Мадрид со 93-79. „Кралевите“ цела сезона имаат осцилации во формата, вечерва повторно одиграа под своите можности, а мотивираниот тим на Уникаха знаеше како да го искористи тоа и да стигне до третиот куп-трофеј во клупската историја.
Реал Мадрид единственото водство во финалето го имаше во втората четвртина, со минимални 26-27, по што Малага повторно презеде целосна контрола над играта и резултатот. Предноста на тимот од Малага се зголемуваше како што одминуваше времето, третата четвртина заврши со „плус девет“ (64-55), за Уникаха во завршните десет минути да ја продолжи својата доминација за конечните четиринаесет поени предност и заслужена радост.
Кендрик Пери беше избран за МВП на овогодинешното издание на Копа дел реј откако поранешниот кошаркар на Карпош Соколи блесна и во вечерашното финале постигнувајќи 27 поени, 20 поени реализираше Кравиш, додека најефикасен во таборот на Реал беше Кампацо со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА