Реал Мадрид во „лов“ по суперталентот на Сити

Реал Мадрид ќе стартуваа преговори со Манчестер сити за трансфер на младиот играч за врска, Фил Фоден, пренесуваат британските медиуми. Иако голем талент, Фоден не го покажа својот капацитет во целост, не добивајќи доволна минутажа од Пеп Гвардиола и настапувајќи на само пет натпревари сезонава.

Се очекуваше дека, откако Давид Силва го напушти Манчестер Сити, Фоден ќе биде тој што ќе ја преземе неговата улога во тимот, но тоа не се случи бидејќи Гвардиола му дава предност на Гундоган во средниот ред, а Фоден беше прекомандуван како резерва за крилните позиции.

Реал Мадрид е подготвен да му понуди место во првиот тим, но и многу висока плата, се со цел да го „украде“ од Манчестер Сити.

Се вчитува...