Реал Мадрид немаше одговор за „жолтата подморница“

Реал Мадрид не успеа да ја продолжи победничката серија во Ла Лиа откако „кралевите“ вечерва одиграа само 0-0 на домашен терен против Вилјареал.

Избраниците на Анчелоти важеа за фаворити во пресрет на овој меч, но не успеаја да најдат одговор за дисицплинираната игра во одбраната на „жолтата подморница“. Валверде одлично ја имаше анализирано играта на противникот, успеа да го изолира Карим Бензема, па „кралевите“ делуваа безопасно без вообичаениот придонес на нивниот главен играч.

Реал Мадрид и покрај ова реми останува на првото место со 17 бода, три повеќе (и меч повеќе) во однос на второпласираната Севилја.

Се вчитува...