Реал Мадрид незапирлив и на гости кај Баерн

Кошаркарите на Реал Мадрид ги освоија бодовите на гостувањето против Баерн (72-82) во дербито од 14.коло во Евролигата и со четвртата победа во серија се изедначија со Фенербахче на врвот на табелата.

Шпанскиот тим добро го отвори мечот и по првата четвртина имаше предност од 16-27. Гостите од Мадрид беа поуспешни и во втората четвртина (15-19). Но во вториот дел од натпреварот, Баерн успеа да се врати во игра, ја доби третата четвртина (28-19) и ја намали разликата за неизвесна завршница.

Реал Мадрид сепак, успеа да ја задржи ефикасноста и контрлата врз играта во финишот. Гостите беа поуспешни во последната четвртина (13-17) и ја заверија победата.

Шпанскиот состав во победата го предводеше Ентони Рандолф со 22 поени, а Серхио Лул додаде 19 поени и шест асистенции. Во составот на Баерн, Стефан Јовиќ постигна 11 поени дополнети со пет асистенции.

Во другите вечерашни натпревари Химки во неизвесен дуел на домашен терен славеше против Дарушафака (85-84), а сигуран победа забележа Жалгирис против Макаби (80-73) и се зацврсти во Топ 8. Во последниот дуел, Армани на гостински терен го победи Панатинаикос (83-86)

Се вчитува...