Реал Мадрид нуди најмногу за Лука Јовиќ

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ игра во фантастична форма во дресот на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт и е трансферна цел на шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Во трката е и Баерн Минхен, кој не дозволува најдоброто што игра во Бундес-лигата така лесно да излезе од Германија. Сепак, се чини дека „кралскиот клуб“ нуди најмногу за ангажман на Лука Јовиќ.

Менаџерот Фали Рамадани веќе имал состаноци со сите три клуба. Баерн Минхен е подготвен да плати 50 милиони евра за негов ангажман, Барселона понудила 56 милиони евра за да го доведе на „Камп Ноу“, а Реал Мадрид испратил понуда вредна 60 милиони евра. Лука Јовиќ дефинитивно ќе биде една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок во Европа.

Се вчитува...