Реал Мадрид го обвини судијата Рикардо де Бургос Бенгоече за пристраност во дербито со Барселона. Мадридскиот тим со гол во последните мигови е поразен на „Ноу Камп“, и со тоа веројатно се збогуваше од титулата. Во 81. минута судијата му поништи гол на Марко Асенсио.
Клупската телевизија на Реал Мадрид објави четири минути од видео со неговите одлуки, а кои тврдат дека се на штета на нивната екипа. Многу јасно го обвинуваат за пристрасност во тој дуел.
„Ништо не не изненадува во врска со судијата кој со своите грешки секогаш му штети на Реал Мадрид. Го знаевме тоа. Кога суди Де Бургос Бенгоече, секогаш играме против дванаесетмина“, се наведува во прилогот на Реал Мадрид.
Исто така се истекнува во прилогот дека Бенгоече работел на штета на „кралевите“ заедно со својот верен штитеник во ВАР Цезар Сото Грандо.
„Критериумот му зависеше од дресот кој играчот го носи. Двајца судии имаа задача да го исфрлат Реал Мадрид од битката за титулата. Де Бургос и Сото Грандо не пропуштија тоа да го направат“, пренесува шпански „Спорт“ од анализата.
Барселона со таа победа сега има 12 бодови повеќе од Реал, и е пред освојување на титулата во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА