Реал Мадрид по примерот на Барселона: Ѕвездите одат на помали плати

Реал Мадрид влегува во редот на клубовите од Шпанија кои нема да го чекаат крајот на преговорите меѓу Ла Лига и Асоцијацијата на фудбалерите околу намалувањето на платите на играчите. Иако овие две организации уште немаат постигнато компромис и се на дијаметрално спротивни позиции околу висината на намалувањето, Реал веќе почнал поединечни преговори со играчите.

Клубот се обидува да им објасни на фубалерите дека иако Реал има разни помошни фондови нема да биде изземен од ударот на кризата и оти намалување на платите ќе мора да има особено што загубата од ТВ правата и слични приходи ќе биде околу 150 милиони евра.

Барселона и Атлетико Мадрид веќе договорија со играчите намалување на платите, според најавите во Реал Мадрид наводно процентот нема да биде толку драстичен како во каталонскиот клуб каде фудбалерите се согласиле на кратење од 70 проценти.

 

Се вчитува...