Реал Мадрид пред крајот на преодниот рок го доведе Кепа како нов голман во своите редови по тешката повреда на Тибо Куртоа, а засилувањето од Челси се покажа во добро издание на почетокот на оваа натпреварувачка сезона.
„Кралевите“ сакаат да го задржат Кепа и по истекот на сезонава, па веќе подготвиле понуда во висина од 20 милиони евра за да го откупат голманот од Челси. Ставот на Флорентино Перез е јасен, со Кепа би се зголемила конкуренцијата на голманската позиција, но со оглед на фактот дека ќе се врати и Куртоа, првиот човек на Реал нема намера да троши повеќе од 20 милиони за нов чувар на мрежата.
На потег сега ќе биде управата на Челси, која ќе треба да реши дали да ја прифати понудата на Реал или ќе се обиде да изнуди повисока сума од некој друг клуб, со надеж дека цената на Кепа ќе скокне по неговите настапи на голот на „кралевите“. Едно е сигурно, за Кепа нема веќе иднина на „Стемфорд бриџ“ откако Маурицио Покетино го доведе Санчез на голот за оваа сезона, а Челси веќе покажува сериозен интерес и за шпанскиот репрезентативен голман Унаи Симон од Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА