Реал Мадрид подготвува нов договор за Кашемиро

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да го задржи Бразилецот Кашемиро во тимот уште долго време и подготвува нов договор за одличниот фудбалер за врска кој ќе го обврзе да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2025 година. Актуелниот договор на Кашемиро има важност до јуни 2021 година, но тренерот Зинедин Зидан инсистира навреме да биде договорена нова долгогодишна соработка.

Кашемиро е еден од столбовите во играта на „кралевите“ во средниот ред и Зидан не сака да ризикува со негово евентуално заминување. За Кашемиро постои интерес од Пари Сен Жермен и од Манчестер Сити, но Реал Мадрид не ни помислува да го пушти да замине.

Бразилецот дојде во Реал Мадрид во јануари 2013 година и играше за вториот тим на „кралскиот клуб“. Потоа замина на позајмица во Порто, а по само една сезона се врати на голема врата на „Сантијаго Бернабеу“ и стана незаменлив дел од составот на Зинедин Зидан.

 

 

 

Се вчитува...