Реал Мадрид продолжува да гази се пред себе, Пао го најде лекот за Зенит

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа до десетата победа во Евролигата откако славеа на гостински терен кај Басконија со 60-88. Предводник на „кралскиот клуб“ беше Козер со 13 поени и 2 скока, а него го следеше Ертел со 12 поени и 9 асистенции. Кај домаќините по 14 поени забележаа Енок и Фонтекио на кои Италијанецот додаде и 7 скока.

Панатинаикос го најде решението за Зенит, ставајќи крај за низата од пет победи едно по друго на Русите со триумф од 70-64. Немања Недовиќ беше предводник на атинскиот клуб со 18 поени и 5 асистенции, додека дабл-дабл од 17 поени и 12 скока забележа Папајанис. Кај гостите најрасположен беше Лојд со 15 поени.

На победа од 91-86 се радуваше Алба која во Берлин го доби Макаби. Ериксон беше предводник на домашниот тим со 19 поени, а лидер на гостите беше Вилбекин со 22 поени и 5 асистенции. Хрватот Жижиќ мечот го заврши со 17 поени и 6 скока.

Се вчитува...