Реал Мадрид со мега понуда за Јошко Гвардиол

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол и понатаму е мета број еден на Челси и Реал Мадрид. Англискиот и шпанскиот тим се наддаваат за услугите на младиот стопер, а според германските медиуми желба на 20-годишникот е премин во главниот град на Шпанија.

За тоа е подготвен да се откаже од три милиони евра во неговата плата. Челси нуди вртоглави девет милиони евра по сезона, но за Гвардиол доволни се и шест колку што изнесува понудата на Реал Мадрид.

Но, за реализација на преминот и понатаму пречка останува сумата на трансферот. Лајпциг не планира да го продаде својот бисер за под 120 милиони евра, а според медиумите во Шпанија „кралската“ понуда изнесува токму 120 милиони евра, но во две рати по 60 милиони евра.

Без разлика каде ќе заврши Гвардиол добра заработка ќе има и Динамо Загреб кој ќе добие 20 отсто од следниот трансфер.

Се вчитува...