Реал Мадрид три седмици без Маркос Љоренте

Играчот за врска на Реал Мадрид, Маркос Љоренте, ќе паузира три седмици поради повреда на бутниот мускул. Тој предвреме го напушти синоќешното „Ел Класико“, а на негово место во игра влезе Кашемиро.

„Кралевите“ ќе бидат без Љоренте на мечевите против Атлетико Мадрид, Џирона и Леванте во Ла Лига, првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ајакс, а лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи за реваншот против Барселона во полуфиналето на Купот на Шпанија.

Се вчитува...