Реал Мадрид убедлив со АСВЕЛ, победи на Валенсија и Милано

Реал Мадрид се прошета на гостувањето кај АСВЕЛ совладувајќи го францускиот тим со 78-87. Втората четвртина беше клучна во мечот, која „кралевите“ ја добија со плус тринаесет. До крајот се беше рутина за конечен триумф од 78-87.

Треј Томпкинс со 20 поени беше прво име во „кралскиот“ табор, додека Руди Фернандез и Џордан Мики уфрлија по 18. Кај домаќините Чарлс Кахуди го заврши натпреварот со 18 поени.

Во останатите два натпревари од вечерната понуда во Евролигата, Валенсија беше сигурна со Алба Берлин 91-77,  додека Милано го совлада Зенит со минимални 73-72.

Се вчитува...