Реал Мадрид во финишот го скрши отпорот на Осасуна

Реал Мадрид останува во игра во трката за титулата во Ла Лига откако „кралевите“ успеаја да стигнат до цел плен на незгодното гостување во Памплона против тимот на Осасуна.

Анчелоти не можеше да смета на Бензема и на Крос за овој меч, а тренерот на „кралевите“ имаше и доста среќа при неколкуте промашени шанси на домашните фудбалери при резултат 0-0.

Мечот беше решен во последните десетина минути, кога Валверде одлично втрча и на додавање на Винисиус конечно го доведе Реал во водство. Винисиус во 89. минута постигна гол што беше поништен со ВАР, но Реал сепак успеа да стигне и до втор погодок, стрелец беше Асенсио по додавањето на Алваро.

Реал Мадрид со овој триумф заостанува пет бода зад Барселона, која утре ќе го игра својот меч од новата рунда, на домашен терен против Кадиз.

Се вчитува...