Реал Мадрид во нови проблеми – Братот ги откри плановите на Еден Азар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, ќе остане во клубот до истекот на договорот, открил за белгиски медиум, братот на Еден, Торган Азар. Еден направи трансфер од Челси во Реал, во 2019 година.

Белгиецот требаше да биде еден од носителите на играта и замена за Кристијано Роналдо. Од оваа перспектива јасно е дека тој не покажа ниту дел од формата која ја имаше во Челси, па челниците на клубот сакаат да се ослободат од играчот што е можно побрзо, пред се поради големата плата на Еден. Изминатите месеци се повеќе се шпекулира дека тој ќе го напушти Мадрид и дека би можел да се врати во Лондон.

Сепак, братот на Еден даде изјава со која ги негираше овие шпекулации.

„Еден веќе има фантастична кариера. Добро му е во Мадрид. Неговото семејство таму се чувствува добро. Има договор до 2024 година и мислам дека нема да оди никаде“, рекол Торган, инаку играч на Борусија Дортмунд.

Реал за Еден Азар платија 115.000.000 евра. За три сезони има одиграно само 65 натпревари.

Се вчитува...