Реал Мадрид во сериозен проблем: Крај на сезоната за Аргентинецот

Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми пред финишот на сезоната бидејќи во битката за трофеј во Евролигата и домашното првенство нема да може да смета на Габриел Дек.

Аргентинскиот репрезентативец на натпреварот против Валенсија во претпоследното коло од Лига Ендеса заработи повреда на лигементите на десното колено која му ја заврши сезоната.

Ова е втора сезона по ред во која Реал Мадрид останува без услугите на Дек пред самиот крај на сезоната. Претходната сезона тој се повреди во четвртфиналната серија против Партизан во Евролигата.

Се вчитува...