Десетто Ел Класико без Белгиецот: Реал Мадрид залудно фрли 115 милиони евра за Азар

Реал Мадрид го доведе Еден Азар во летото 2019 година како големо засилување од Челси за 115 милиони евра. „Кралевите“ очекуваа тој да го замени Кристијано Роналдо и како Португалецот да ги води „кралевите“ до титули.

Азар стана најскапиот играч во историјата на Реал, поскап дури и од Роналдо и Герет Бејл, а се очекуваше да биде влог за трофеи и човек кој ќе биде клуч во на најголемиот и најважен натпревар за клубот „Ел Класико“ против Барселона.

Сепак, Азар се покажа како целосен неуспех, можеби најголемиот во историјата на Реал. Поради честите повреди и неподготвеноста, тој за речиси четири години одигра само 73 натпревари за Реал, а неговата статистика е особено поразителна кога се во прашање натпреварите со Барселона.

Во четвртокот се одигра десеттото „Ел Класико“ откако Азар стана играч на Реал, а на него по десетти пат не одигра ниту минута. Азар поразот на Реал против Барселона го следеше од клупата за резерви, со што прослави неславен јубилеј.

Шест од десетте „Ел Класико“ ги гледаше од клупата за резерви, додека четири пати не беше ни на клупата поради повреда. Интересно, Азар во кариерата двапати играше против Барселона, но двата пати како играч на Челси.

Се вчитува...