Реал Мадрид „зариба“ во Жирона, титулата (o)стана недостижна (ВИДЕО)

Реал Мадрид е поразена од Жирона во 31. коло во Ла Лига, и така веројатно згасна сонот за одбрана на титулата. „Кралевите“ изненадувачки загубија со 4-2, а сите четири гола ги постигна еден ист играч, Валентин Кастелјенос. 

Реал Мадрид со тоа пропушти можност да ја „брка“ Барселона и да ја намали разликата на осум бодови на седум кола до крајот, а сега таа остана на 11, со тоа што Барселона има меч помалку, и доколку победи ќе изнесува 14 поени.

За Реал Мадрид головите ги постигнаа Винициус и Лукас.

Осасуна веќе го обезбеди опстанокот откако го совлада на  гостински терен составот на Кадиз, кој останува да се бори за опстанок. Гарсија го постигна единствениот гол, а вреди да се напомене дека Осасуна во 85. минута остана со играч помалку, откако исклучен беше Езалзули.

Се вчитува...