Реал нема веќе трпение, Азар си оди!

Еден Азар пристигна како втор обид да го замени Кристијано Роналдо, сепак Герет Бејл остави подобар впечаток како „наследник“ на Португалецот. Барем во оние сезони кога сакаше да игра фудбал на „Бернабеу“.

Поминаа осумнаесет месеци од трансферот на Азар во Реал Мадрид, Белгиецот му донесе на Челзи над 100 милиони евра, но неговиот придонес во Реал е значително намален. Особено на спортскиот терен. Азар го мачат повредите, но и дополнителната тежина, поради што не ги придоби симпатиите од „суровата“ публика во Мадрид.

Некои шпански, но и италијански медиуми пишуваат за преселувањето на Азар во текот на летото следната година. И тоа во Јувентус.

Зидан не смета на Белгиецот, главниот стручњак на Мадрид не гледа проблем во испраќањето на Азар во клубот каде мина пет сезони. Јувентус има и примамлива понуда, што ќе се стави на маса само доколку не се продолжи соработката со Пауло Дибала.

Се вчитува...