Реал никогаш не се откажува: Сити доминираше, но Винисиус ги шокираше граѓаните (ВИДЕО)

Реал Мадрид го натера Сантијаго Бернабе да „експлодира“ во 36. минута откако поведе во дуелот со Манчестер Сити. Гостите од Англија ја имаа доминацијата, поседот на топката, па и ударите кон голот на Куртоа кој три пати мораше да интервенира, а потоа Реал Мадрид ги презеде конците во своите раце.

После 30 минути доминација, Сити не успеа да стигне во водство, а откако воспостави рамнотежа, Винисиус стрелаше од 22-23 метри во голот на неговиот сонародник Едерсон.

Сега се очекува одговор од Манчестер Сити, иако во нивната одбрана има многу пукнатини. Во моментов Реал е поблиску до финалето во Истанбул.

Се вчитува...