Реал нуди четворица за да го направи Погба крал

Реал Мадрид му понудил на Манчестер Јунајтед четворица играчи вклучувајќи ги и Мартин Одегард и Хамес Родригес во обидот да дојде до Пол Погба. Ова наводно е понудата која шпанскиот тим ја испратил во Англија за да му биде исполнета желбата на тренерот Зинедин Зидан за кого се тврди дека е голем фан на францускиот репрезентативец.

Размената ги подразбира и Лукас Васкез и Брахим Дијаз. Но, проблемот е во тоа што и менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека треба да го има Погба во тимот. Манчестер Јунајтед и натаму инсистира на тоа дека играчот не е на продажба.

Солскјер планира да направи тандем од Погба и младиот Бруно Фернандеш кој дојде на „Олд Трафорд“ во јануари. Норвежанецот има намера да го врати Погба кој пропушти најголем дел од актуелнава сезона во стартните 11.

Реал Мадрид пак од друга страна се обидува во кризниот период поради коронавирусот да направи договори за трансфери и да дојде до дел од играчите кои имаа исклучително висока цена.

 

Се вчитува...