Реал Мадрид ќе биде значително ослабен за претстојното евролигашко дерби против Панатинаикос откако уште еден клучен кошаркар отпадна од комбинација за настап против „зелените“ од Атина.
Факундо Кампацо нема да може да им помогне на „кралевите“ на овој значаен натпревар по повредата што ја заработи на претходниот меч за „кралскиот клуб“. Реал веќе остана на неколку седмици без Тео Маледон и Кампацо требаше целосно да ја преземе плејмејкерската улога за дербито со ПАО, па тренерот Мартинез сега се наоѓа во незавидна положба против една од најдобрите одбрани во лигата. Повредата на Кампацо се чини не е нималку наивна, па лесно може да се случи тој да мора да паузира најмаку еден месец од терените.
Покрај двајцата одлични бекови, Мартинез ќе мора да се снаоѓа и без Јантунен, кого го очекува повеќемесечна пауза поради повреедата заработена минатото евролигашко коло против Анадолу Ефес.
Кампацо сезонава настапи на сите натпревари на Реал Мадрид во Евролигата и во просек бележи по 9,7 поени, 4,9 асистенции и 2,3 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
