Реал повеќе нема да се вози со „Ауди“, со Мбапе доаѓа и нов спонзор во Мадрид

Со евентуалниот ангажман на Килијан Мбапе, Реал Мадрид може да профитира и на други полиња. Флорентино Перез, претседателот на Реал досега се покажал како безпрекорен во маркетинг кампањата и инкасирањето на пари од ѕвездите на својот тим, па така ќе биде и со францускиот напаѓач.

Имено се најавува дека ако Мбапе дојде на „Сантијаго Бернабеу“, тогаш и францускиот автомобилски гигант „Рено“ би бил еден од главните спонзори на „кралевите“.

Засега “Ауди“ е спонзор во однос на возниот парк во Реал Мадрид, договорот важи до 2023 година, но ако французите понудат повеќе тогаш јасно е дека во иднина фудбалерите на Реал Мадрид ќе возат Рено.

Се вчитува...