Реал се „коцкаше“ но победи, ЦСКА Москва лесно против Будуќност

Кошаркарите на Реал Мадрид се „коцкаа“ на гостувањето против Дарушафака, но на крајот успеаја да извлечат победа од 82-86 во 21. коло од Евролигата.

„Кралевите“ во текот на целиот натпревар имаа сигурна предност. Во последната четвртина влегоа со 13 поени предност, за да последната ја загубат со девет поени дозволувајќи домашните во последната минута од мечот да им се доближат на само еден поен разлика. Сепак, искуството пресуди во финишот па Реал Мадрид стигна до заслужена победа.

Најдобри поединци кај Реал беа Томпкинс и Рендолф со по 15 постигнати поени, а 12 поени запиша Џејси Керол. Кај домашните Тони Даглас беше феноменален со 27 поени, четири асистенции и четири скока, но не можеше сам во обидот да се стигне до изненадување.

ЦСКА Москва лесно славеше против Будуќност со убедливи 99-69.

Најефикасен во редовите на рускиот тим беше Нандо Де Коло со 26 поени, плус и со по седум асистенции и скокови. Го следеа Даниел Хакет со 17 поени и Серџо Родригез со 14 поени. Во поразениот тим на Будуќност најефикасни беа Норис Кол со 11 поени и Џејмс Бел со 10 поени.

Се вчитува...