Реал се откажа од Мбапе, главна цел сега е Садио Мане

И покрај пандемијата на коронавирусот од Реал Мадрид јасно порачаа дека нивните планови за летниот преоден рок воопшто нема да се менуваат.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ ќе издвојат сериозна сума за нови засилувања, со стремеж за подмладување на екипата. Прв на листата желби е Килијан Мбапе, но се чини дека полека од Реал се откажуваат од напаѓачот на ПСЖ. Во неколку наврати се обидоа да почнат преговори со Мбапе, но не покажа голем интерес за доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“.

Па, како што пишува „Марка“, сега главна цел е Садио Мане кој неколку сезони игра одлично во Ливерпул. Јасно е дека поради коронавирусот цената на фудбалерите ќе падне, но факт е дека доколку Реал го сака Мане ќе мора да одвои околу 90 милиони евра.

Се вчитува...