Долго се најавуваше дека Реал Мадрид ќе го реализира најголемиот трансфер во својата историја со доведувањето на Џад Белингам од Борусија Дортмунд за неверојатна сума од 120 милиони евра.
Сепак, се чини дека „кралевите“ се откажаа од Англичанецот.
Извонредниот млад фудбалер привлече интерес и на Ливерпул и Манчестер сити. Тимот на Ливерпул веќе претходно се откажа, а сега истото го направи и Реал Мадрид.
Според пишувањето на шпанските медиуми, Реал Мадрид оценил дека финансиските побарувања на Борусија Дортмунд за Белингам се превисоки, а за многу помалку пари може да донесат напаѓач од светска класа. Причина за тоа е Карим Бензема кој полека ја завршува кариерата, па „кралевите“ сакаат да донесат нов напаѓач кој веднаш би бил максимално корисен за тимот а би бил и долгорочно решение.
Од друга страна, Борусија Дортмунд сака да ја задржи својата ѕвезда, па му подготвуваат договор со петкратно повисок плата од онаа актуелната која изнесува 2,9 милиони евра годишно. Во иднина со нов договор Белингам во Борусија Дортмунд би заработувал 1,2 милиони евра, но на месечно ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА