Најтрофејниот клуб во Европа треба да го има и најмодерниот стадион на „Стариот континент“. Реал Мадрид се пофали дека најдоцна за четири години тоа ќе биде случај, презентирајќи ги плановите за изгледот на арената на која „кралевите“ во 2024 година би требало да почнат да ги играат своите домашни натпревари.
Планот е да не се гради нов, туку да се реновира актуелниот храм на „кралскиот клуб“, а градежните работи би се извршувале во периодите кога нема да се игра фудбал. Целиот проект ќе ги чини „кралевите“ 400 милиони евра, а единствено е непознато кога ќе се почне со работа, со оглед на најавите дека крајот на оваа може да се врзе со почетокот на наредната сезона.
Претседателот Флорентино Перез не зборуваше премногу, но видеото со новиот дизајн на „Бернабеу“ говори само за себе, стадионот ќе биде ултрамодерен, капацитетот ќе остане со 80.000 седишта, но со поголема удобност за навивачите. Воедно, ќе има и подвижен покрив, со што ќе може да се создава „микро-клима“ (контролирање на температурата за навивачите, нешто што веќе со години го има на стадионите во Катар).
?️✨ Por muchos momentos más inolvidables en casa…
? El Santiago Bernabéu del futuro.#RMFansEnCasa | #YoMeQuedoEnCasa pic.twitter.com/ETgLVRpznD— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) April 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА