Реал со фуриозна завршница славеше кај Жалгирис, Фенербахче рутински со Химки

Реал Мадрид со фуриозна последна четвртина успеа да стигне до победа на гостувањето во Литванија кај Жалгирис Каунас од 90-93. Литванскиот тим во три четвртини го контролираше резултатот, но „кралевите“ со одлична игра во последните 10 минути успеаја да направат пресврт и да стигнат до третата победа сезонава. Најдобар поединец кај гостите беше Валтер Таварес кој мечот го заврши со 22 поени и 12 скока, а добар меч имаше и Факундо Кампацо кој уфрли 19 поени и 10 аситенции. Кај Жалгирис Томас Волкап уфрли 18 поени.

Турскиот Фенербахче славеше над Химки со 83-71. Домаќините во текот на целиот меч го контролираа резултатот и на крајот стигнаа до нова победа сезонава од 83-71. Џерел Еди и Дишон Пјер со по 16 поени беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Џордан Мики со 19 поени.

Се вчитува...