Реал со кампања: Гласајте за нашиот Дончиќ за олстар-викендот

Лука Дончиќ имаше најмногу гласови при првото пребројување во гласањето за олстар викендот, а Словенецот сега доби помош и од својот поранешен клуб Реал Мадрид.

„Кралевите“ почнаа со кампања за својот поранешен кошаркар, во обид да му помогнат да испише историја и да се најде меѓу стартерите за претстојниот натпревар.

„Еден од нашите испишува историја во НБА. Гласајте за Лука Дончиќ да стане НБА-олстар“ – напишаа „кралевите“ на своите профили на социјалните мрежи, објавувајќи и водео со мајсториите на Словенецот во дресот на Реал, од мали нозе, па се до сениорската екипа на Реал Мадрид.

Се вчитува...