Реал Сосеидад со нова победа се ближи до ЛШ следната сезона (ВИДЕО)

Лигата на шампионите е се поблиску до Сан Себастијан следната сезона. Вечерва Реал Сосиедад го совлада тимот на Гетафе со 2-0, и така си овозможи добра позиција за излез во европската „елита“ пред завршните 10 кола во првенството на Шпанија.

Мечот беше интересен, но доминацијата Сосиедад ја претвори во победа. Доцна, во судиското надополнување од првиот дел домашните го „отворија“ противникот. Ојарзабал во исто време беше и трагичар и јунак, затоа што промаши пенал во 44. минута, а потоа во судиското продолжение погоди за водство.

Во вториот дел Кубо само го зболеми водството на Сосиедад што беше и конечен резултат.

Се вчитува...