Реал Сосиедад го доби Атлетик Билбао во „битката за Баскија“ (ВИДЕО)

Екипата на Реал Сосеидад е победник од „битката за Баскија“ и дербито против Атлетик Билбао. На својата „Аноета“ тимот на Сосиедад славеше триумф од 3-1.

Најпрво Сорлот во 25. минута му донесе предност на домашниот тим, а потоа Кубо со убав гол зголеми на 2-0 Неизвесноста ја врати Сансет во 40. минута.

Чекор поблиску до победа Сосиедад дојде во 60. минута кога Алварез доби директен црвен картон, а тоа го искористи Ојарзабал кој од пенал во 62. минута ги постави конечните 3-1 за големо славје на навивачите во Сан Себастијан.

Се вчитува...