Реал Сосиедад испушти шанса да дојде на врвот на табелата – реми против „фенерџијата“ Гетафе (ВИДЕО)

Реал Сосиедад по осум одиграни кола во Ла Лига го завзема третото место на табелата со 17 освоени бода колку што имаат и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а баскискиот клуб можеше да стигне и до врвот на табелата доколку не ремизираше на гостувањето против „фенерџијата“ Гетафе со 1-1.

Домаќините стигнаа до предност во 40. минута од мечот преку Рамирез, а овој резултат остана на семафорот и до полувремето. Гетафе ја задржа предноста и до 68. минута, а Ојарзабал донесе изедначување за својот тим.

 

Се вчитува...