Реал Сосиедад не го дава врвот во Ла лига – Падна и незгодниот Кадиз (ВИДЕО)

Реал Сосиедад продолжува со одличните настапи сезонава во шпанската Ла лига. Нов на менито на баскискиот тим беше незгониот Кадиз кој беше совладан на гостински терен со минимални 0-1. Клучниот момент во мечот се случи во 66. минута кога на асистенција на Аднан Јанузај стрелаше Александер Исак.

Сосиедад со победата повторно изби на врвот на табелата со 23 бода, односно три повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, но и два натпревари повеќе. Кадиз останува на шестата позиција со 14 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...