Реал Сосиедад не запира – победа и против Еспањол

Реал Сосиедад продолжува со одличните настапи во Ла Лига откако во 21. коло славеше на гостински терен против Еспањол со 2-3.

Реал Сосиедад поведе преку Кубо во 23. минута од мечот, а Сорлот донесе предност од 2-0 во 51. минута. Со автоголот на Кабрера гостите стигнаа до комотна предност од 3-0 во 63. минута, а Еспањол успеал да го ублажи поразот со головите на Дардер и Оливан во 74. и 87. минута.

Со денешната победа Реал Сосиедад се зацврти на третата позиција на табелата, додека Еспањол останува при опасната зона со 21 освоен бод.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...