Реал Сосиедад се врати на чело на Ла Лига

Реал Сосиедад повторно е лидер на табелата во Ла Лига по вечерашната победа од 4-1 над Рекреативо Хуеска. Баскијскиот клуб се наоѓа во одлична форма, па по почетната победа во Лигата на Европа во Ријека вечерва одигра уште еден квалитетен натпревар, четири пати тресејќи ја мрежата на гостите од Хуеска.

Ојарзабал го отвори резултатот од пенал, гостите израмнија на почетокот од второто полувреме преку Мир, за Реал Сосиедад фуриозно да го заврши мечот и со головите на Ојарзабал, Порту и Исак да стигне до убедлив триумф.

Реал Сосиедад моментно има 14 бода, еден повеќе од Реал Мадрид и од Гранада, кои имаат и меч помалку од лидерот на табелата.

Се вчитува...