Реал веќе стивнува во битката за титула: Само реми со Бетис

Реал Мадрид веќе стивнува во битката за титулата во Ла Лига, ремизирајќи без голови на гостувањето против Бетис во 24. коло.

„Кралевите“ беа многу подобри на терен, блиску и до трите бода, но Родриго, Себаљос и Винисиус не успеаја да реализираат пред се во второто полувреме на крај „задоволувајќи“ се само со бод.

Реал сега е на девет бода од водечката Барселона која постојано ја зголемува предност пред најголемиот ривал во трката за шампионската круна.

Се вчитува...