Реал во паника: Што е со дебелкото Азар?

Ла Лига е пред старт на новата сезона, а иако првиот меч на Реал Мадрид е одложен и обврските почнуваат на 20.септември, тренерот Зинедин Зидан е загрижен за изгледот и формата на Еден Азар. Белгиецот повторно има сериозен вишок на килограми, а шпанските медиуми тоа денеска го потенцираат на насловната страница.

Еден Азар поради тоталната неподготвеност не доби ниту една минута на двата натпревари што Белгија ги играше во Лигата на нации. Селекторот Роберто Мартинез јавно истакна дека Азар е далеку околу 60 тренинзи пред да влезе во потребната натпреварувачка форма. Токму поради тоа го остави на клупата на мечевите против Данска и против Исланд.

Азар ќе мора да работи според посебна програма во наредните десетина дена, Зидан ќе се обиде да ја намали неговата тежина и полека да го воведе во натпреварувачка форма. Тоа се големи проблеми за тренерот на Реал Мадрид ако се знае дека и Герет Бејл пријави повреда по враќањето од репрезентативните обврски и воопшто не сака да се стави на располагање со останатиот дел од тимот.

Се вчитува...