Реал „воскресна“, Барса нокаутирана на „Ел Класико“

Реал Мадрид почна да и набива комплекс на Барселона во дуелите од Ла Лига откако „кралевите“ вечерва славеа на „Камп Ноу“ со 1-3, за трето вечно дерби во низа во кое каталонскиот гигант не знае за победа над избраниците на Зинедин Зидан. Иако Реал беше во нокдаун по слабите игри во последно време, Зидан најде начин да ги мотивира своите избраници, кои знаеја како да ги искористат своите шанси и да стигнат до цел плен, резултат што значи и спас од отказ за францускиот стратег.

Почетокот на денешното „Ел Класико“ беше фуриозен, Реал прв поведе преку Валверде, но веќе во 8. минута Барселона израмни со погокот на Ансу Фати. При резултат 1-1 Меси промаши зицер кога од седум метри не успеа да го совлада Куртоа, додека на спротивната страна Нето го запре обидот на Бензема.

Кутињо ја промаши најубавата шанса на Барселона за водство во вториот дел, по што Реал стигна до водство од пенал, Рамос беше стрелец откако токму капитенот на „кралевите“ беше фаулиран од Ленгле во противничкиот шеснаесетник.

Куман се реши за тотална офанзива во завршницата, во игра влегоа Гризман, Дембеле и Тринкао, но Барса не постигна втор гол, а Нето спречи и трета радост на „кралевите“ со двојната интервенција по обидите на Тони Крос и извонредната одбрана при шутот на Серхио Рамос. Токму голманот Нето беше трагичар во 90. минута, кога по една негова несмасна интервенција топката стигна до Модриќ, кој маестрално се снајде и ја смести во мрежата на Барса.

За Барса ова беше втор вториот пораз во серија во Ла Лига, за зголемување на притисокот врз холандскиот стратег уште на самиот старт на сезонава.

Се вчитува...