Ребиќ во 93. минута за пресврт победа на Милан…, Несторовски ги одигра последните 15 минути (ВИДЕО)

Милан успеа да дојде до посакуваниот пресврт триумф од 3-2 против Удинезе во 20. коло од Серија А, благодарение на голот на Ребиќ во 93. минута

Удинезе поведе со голот на Ларсен уште во 6. минута, по големата грешка на голманот на домашните Донарума…

 

Но, „миланезите“ во второто полувреме со головите на Ребиќ во 48. минута и Хернандез во 71. минута стигнаа до пресврт. Ласања во 85. минута погоди за Удинезе за 2-2, за да Ребиќ во 93.минута сепак донесе три бода за тимот од Милано.

 



Се вчитува...