„Ред Бул ќе ја освои титулата доколку не го подобриме болидот“

Новата сезона во Формула 1 донесе возбудливи две трки и изнедначеност која беше непозната во последните сезони. Мерцедес повторно се наоѓа при врвот, но тука е и тимот на Ред Бул и Макс Ферстапен кому му припадна ГН на популарната Имола.

Од тимот на Мерцедес стравуваат дека доколку не го подобар својот W12 болид нема да останат во игра за титула и оваа сезона. На оваа тема горовреше и оперативниот директот, Ендру Шовлин кој направи осврт на последната трка и она што следи.

„Би сакал да мислам дека можевме да им наметнеме притисок на самата трка. Не знам дали имавме болид за победа, не знам бидејќи не можеме да знаеме колку Макс Ферстапен „притискаше“ при крајот, но гледајќи ги секторите на Хамилтон и како возевме на кривините, ми се чини дека бевме многу блиску. Не сакаме да не тапшаат по рано дека можеби го имавме најбрзиот болид за мала ралика. Знаеме дека не сме доволно добри и дека Ред Бул ќе ја освои титулата доколку брзо не го подобриме болидот“, истакна Шовлин.

Следната трка за ГН на Португалија е во етерот на 2. мај, трка во која Хамилтон тргнува од првото место на табелата со 44 бода, додека Ферстапен се наоѓа на втората позиција со еден бод помалку.

Се вчитува...