Реднап: Кејн ќе остане во Тотенхем

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап, е уверен дека Хари Кејн ќе остане во клубот и наредната сезона. Уште од минатата сезона се шпекулира дека капитенот на англиската репрезентација би можел да го напушти лондонскиот клуб, бидејќи тимот не освојува титули.

„Се надевам дека Тотенхем ќе останат трети. Очекувам Покетино да остане, бидејќи создаде голем клуб. Ќе добие нов стадион, а има одлични фудбалери. Што повеќе може да посака? Кејн? И тој ќе биде во Тотенхем наредната сезона“ – изјави Реднап.

Медиумите на Островот шпекулираат дека Кејн би можел да го напушти Тотенхем во летниот преоден рок, а најзаинтересирани за него се Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Следниот натпревар во Премиер-лигата, Тотенхем ќе го игра на 31. март против Ливерпул на „Енфилд“.

Се вчитува...